Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на детската градинка 25 Мај каде што се поставени прочистувачи на воздухот кои општина Гази Баба ги набави за детските градинки.
Согласно техничките карактеристики еден прочистувач на воздух уништува 99.97% од бактериите и микрочестичките во воздухот и истиот може да се користи за просторија од минимум 50 метри квадратни. Прочистувачите поседуваат филтер кој врши постојано уништување на ПМ честичките, смог, вируси и бактерии од воздухот.
Со набавката на прочистувачите обезбедуваме чист амбиентален воздух за дечињата во детските градинки.