Утрово градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претставници од Секторот за градежништво, комунални работи и сообраќај излегоа на терен низ Урбаната заедница Автокоманда со цел утврдување на локации за обезбедување на нови паркинг места за жителите од оваа населба.
Нов паркинг простор ќе се изгради во дворот на ООУ “Стив Наумов” наспроти пазарот, а дополнително се разгледуваат и други локации.
Решавањето на проблемот со сообраќајниот хаос во Автокоманда е приоритет, а решението на овој проблем ќе го бараме низ дијалог со граѓаните.
15.03.2023