Гази Баба доби нов уреден парк, каде граѓаните ќе можат да го минуваат слободното време и да се рекреираат. Во н. Автокоманда на површина од 4.200 м2 со нови тревници, урбана опрема и ново осветлување, целосно беше обновен паркот „Скулптура“.
Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, претседателката на Советот Дијана Илиевска и членови на Советот, го посетија паркот „Скулптура“, при што градоначалникот Стефковски истакна дека подигнувањето на зелените појаси и нивното обновување на територија на општината е од исклучително значење за граѓаните.
При уредувањето на паркот направени се повеќе интервенции на целата вегетација, нанесена е високо квалитетна почва, формиран е тревник со систем за полевање капка по капка, поставени се хидранти и прскалки, со што ќе се овозможи континуирано одржување на зеленилото во паркот.
Обновувањето на паркот е во соработка помеѓу општина Гази Баба и Град Скопје, а активностите ги реализираа ЈП Паркови и Зеленило и ЈКП Гази Баба 2007.
{gallery}foto/2022/04/april/11042022/skulptura/gallery{/gallery}
11.04.2022