Под покровителство на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, а во чест на 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, општина Гази Баба организираше голем музички настан за одбележување на независноста на Македонија на плоштадот во Автокоманда.
На настанот со музички изведби настапија: Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Влатко Миладиновски и Некст Тајм.
Заедно со жителите на општина Гази Баба и градот Скопје ја прославиме независноста на нашата татковина Република Македонија.
{gallery}foto/2022/09/osmiseptemvri/gallery{/gallery}
08.09.2022