Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес присуствуваше на одбележување на патрониот празник на ООУ „Наум Наумовски Борче“.
Училиштето одбележа 62 години од постоењето, а Стефковски пред присутните гости се обрати и порача секоја наредна година училиштето да брои се поголеми успеси.
“Благодарение на образованието, имаме можност да ги разбереме работите коишто не опкружуваат, да ги објасниме различните појави, да го искажеме својот интерес и да ги покажеме своите можности. ” – истакна тој.
Патронатот беше одбележан со музичка програма подготвена од учениците на ООУ „Наум Наумовски Борче“ и нивните наставници.
{gallery}foto/2023/mart/patronat_borce/gallery{/gallery}
31.03.2023