Пред 65 години на денешен ден во Прилеп почина Методија Андонов-Ченто, 24 јули 1957 година. Најсаканиот водач и револуционер во Народноослободителната војна на македонскиот народ беше токму Ченто, кој целиот свој живот го посвети во борбата за правата на македонскиот народ.
М.А.Ченто беше и првиот избран претседател на македонската национална држава која се роди во крвавата антифашистичка војна.
Денес, по повод смртта на Методија Андонов Ченто свежо цвеќе положија пред неговиот споменик во паркот во н.Ченто, делагација од Советот на општина Гази Баба, претставници од урбаните и месни заедници и претставници од Сојузот на борци на Гази Баба.
Вечна му слава на Великанот!
{gallery}foto/2022/07/Cveke_cento/gallery{/gallery}
24.07.2022