Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше и се обрати на одбележувањето на патрониот празник на општинското основно училиште Кирил и Методиј во н.м Стајковци.
Да се биде дел од училиште кое го носи името на светите просветители е чест, но и одговорност, бидејќи преку реализацијата на денешните образовни програми, вработените во училиштето ја продолжуваат мисијата на Светите Кирил и Методиј.
Со одбележувањето на патронот на училиштето, започнува одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј кој е патрон на населеното место Стајковци.