Се оддржа општински атлетски натпревар во организација на општинскиот сојуз за училишен спорт на општина Гази Баба.
Градоначалникот Бобан Стефковски денес го отвори општинскиот атлетски натпревар во кој учествуваа ученици од сите основни училишта од територија на општина Гази Баба.
Атлетиката е една од темелните и најраширени спортски гранки која ја карактеризираат основните човекови движења и која ги опфаќа тркачките дисциплини, скоковите и фрлањата. Овој спорт претставува дел од најстарите форми на спортски натпревари.
Преку атлетските вежби учениците стекнуваат физичка сила, издржливост, брзина и подвижност но исто така и ја усовршуваат и својата храброст, одлучност и упорност.
Наставниците по физичко и здравствено образование од училиштата вo нашата општина преку општинскиот сојуз за училишен спорт секојдневно организираат најразлични спортски активности во кои учениците најнапред другаруваат но истовремено и се натпреваруваат.
{gallery}foto/2022/05/18/atletika_park/gallery{/gallery}
18.05.2022