Во рамки на Европската недела на мобилност, во ООУ „Стив Наумов“ се одржа работилница за одржлив транспорт.
На работилницата учениците имаа можност да се запознаат со концептот на одржлива мобилност преку еко-транспорт, со цел подигнување на свеста за влијанието што сите го имаме од нашето движење врз животната средина.
Работилницата беше реализирана во организација на ЗГ Центар за климатски промени.