Почитувани сограѓани,
Во рамки на граѓанскиот дијалог „Проектите почнуваат со тебе“, од денес ја отвораме и онлајн платформата за прием на вашите предлози.
Секој граѓанин има можност од својот дом да го достави својот предлог-проект на емаил: budzet2026@gazibaba.gov.mk
Секој пристигнат мејл ќе биде внимателно разгледан од страна на тим, со цел да се уредат приоритетите според потребите на граѓаните.
Ги повикуваме сите граѓани активно да земат учество и да дадат свој важен придонес во развојот на нашата Гази Баба.
Заедно градиме подобра општина!