Градоначалникот Бобан Стефковски со делегација од општина Гази Баба положи свежо цвеќе пред споменикот на Дане Крапчев и присуствуваше на манифестацијата организирана по повод одбележувањето на патрониот празник на ООУ “Дане Крапчев”.
Ликот и делото на Дане Крапчев не учат за тоа дека тој целиот свој живот го посветил на исполнувањето на вековната цел на генерации на македонци за посебност на македонскиот народ и македонската држава.
Образованието е најмоќното оружје кое можете да го употребите за да го промените светот – им порача Бобан Стефковски.
Општина Гази Баба и во иднина преку директни инвестиции ќе создава подобри услови за реализација на годишните наставни програми.
{gallery}foto/2022/05/23/danekrapcev/gallery{/gallery}
23.05.2022