Денес прославуваме 39 години од работата на основното училиште, кое го носи името на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост.
Основното училиште „Кирил и Методиј“ не само што го носи името на оние кои ни ја подарија писменоста и ги издигнаа културно словенските народи, туку и продолжува да чекори по нивниот пример во мисија на поврзување на различни култури и почитување на различностите.
Многу работи го красат ова училиште, а како негова препознатлива карактеристика е и мултиетничноста, бидејќи во него учат ученици од различни етнички заедници, кои функционираат одлично и претставуваат позитивен модел за современо и модерно општество.
Да се биде дел од наставниот кадар преставува голема одговорност, бидејќи наставниците се луѓето кои ги отвораат прозорците на иднината и несебично ја откриваат тајната за справување со идните предизвици кои ги носи животот.
Наставниот кадар ги образува и воспитува учениците со надеж дека истите ќе станат идни академски граѓани на Република Македонија.