ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје е едно од партнер училиштата во Еразмус+ проектот „Учење преку апликации – APPic Leaarning”. Во рамките на виртуелната мобилност во периодот од 07.03.2022 до 11.03.2022 година учениците од ова училиште заедно со нивните другари од Полска и Германија ќе ја анализираат и евалуираат употребата на различни апликации во наставата.
Проектот има за цел да се истражат можностите кои ги нуди технологијата за поквалитетна реализација на наставата. Преку користење на различни апликации во рамките на овој проект се развиваат иновативноста, креативноста, критичкото размислување и вештините за решавање на проблеми од секојдневниот живот, како едни од најважните вештини кои треба да ги поседуваат учениците за живот во овој динамичен свет.
Градоначалникот Бобан Стефковски преку видео порака им се обрати на учесниците во проектот и им честита на директорката и наставниците за успешната реализација на голем број на проекти, како и за воспоставување на соработка и разменување искуства со други училишта.
{gallery}/foto/2022/03/09032022/erazmus/gallery{/gallery}
09.03.2022