Денес одбележавме два јубилеи, 60 години од постоењето на ООУ Крсте Мисирков и 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков.
Ова училиште после 60 години добива нова училишна зграда во која се обезбедуваат поквалитетни услови за образование и воспитание на нашите најмили и тоа е факт кој е важно да се спомене.
Реализацијата на образовен процес претставува сериозна одговорност, а дополнително да се спроведува настава под името на Крсте Мисирков е уште поголема одговорност.
Своевремено Крсте Мисирков ќе запише: “Како Македонец јас во Бугарија се чувствувам како во туѓина, иако таму се наоѓам како помеѓу родни браќа, но не сум дома, во својата татковина. Таа е таму каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично”.
Оваа мисла на Крсте Мисирков покажува дека во тоа време тој имал развиена свест и чувствувал одговорност кон својата Македонија.
Градоначалникот Стефковски им посака уште долги години успешна работа на училиштето и создавање на силни генерации.