Градоначалникот
Бобан Стефковски направи посета на ООУ Стив Наумов во Автокоманда каде завршија градежните работи за изградба на енергетски – ефикасна фасада.
Изградбата на фасадата, општина Гази Баба ја реализира во соработка со Аутомакедонија АД Скопје кои ја донираа изградбата на фасадата со што ја покажаа својата општествена одговорност.
Голема благодарност до компанијата Аутомакедонија за покажаната општествена – одговорност. Негуваме партнерски однос со компаниите кои функционираат на територија на нашата општина.