Градоначалникот Бобан Стефковски го отвори државното првенство во кошарка за жени. Општина Гази Баба беше домаќин на овогодинешното државно првенство.
Тој им ја честиташе победата на учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ од Струга кои го освоија првото место, а на учениците од нашето ООУ „Вера Јоциќ“ од Хиподром им го четиташе освоеното второ место.
Општина Гази Баба дава силна поддршка за спортот. Општинскиот сојуз за училишен спорт е пример за успешна организација на голем број спортски настани и манифестации во кои пред се учениците другаруваат, а потоа и се натпреваруваат.
Инвестициите во спортот претставуваат инвестиции во спортскиот потенцијал. Нашата цел е денешните ученици еден ден да станат спортски репрезентативци кои ќе ја претставуваат општина Гази Баба и Република Македонија и ќе бележат успеси во светски рамки.
{gallery}foto/2022/05/11/kosarkaz/gallery{/gallery}
11.05.2022