Градоначалникот
Бобан Стефковски го потпиша меморандумот за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Макпетрол, со кој стануваме дел од проекот “Крени глас против врсничкото насилство”.
Овој проект ќе се спроведува во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба во форма на едукативни предавања на учениците од 6то, 7мо, 8мо и 9то одделение.
Децата изложени на врсничко насилство се вообичаено омаловажени и социјално отфрлени, а се жртви и на некои форми на агресија од страна на еден или повеќе врсници. Анализите говорат на зголемен број случаи на врсничко насилство од раличен тип.
Наша обврска е заеднички и сериозно да пристапиме кон детектирање на причините за оваа појава помеѓу децата, а истовремено и да утврдиме кои се механизмите и мерките што треба да ги превземеме во насока на справување со ваквиот проблем.
Дополнително Конвенцијата за правата на детето која е усвоена од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 1989 година во членот 19 ја обврзува државата да ги превземе сите законски, административни, социјални и образовни мерки за заштита на детето од сите форми на физичко или ментално насилство, повреда, злоупотреба, занемарување или малтретирање.
Благодарност до компанијата Макпетрол за иницијативата за реализација на оваа општествено, одговорна и едукативна кампања против врсничкото насилство, а општина Гази Баба секогаш ќе биде партнер во реализација на проекти од едукативен карактер во насока на надминување на каков било вид на насилство.