Градоначалникот Бобан Стефковски денес присуствуваше на настанот организиран од УСАИД во рамки на проектот “Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.
Проектот е финансиран од страна на САД и има за цел создавање на партнерство за поефикасни општини.
Општина Гази Баба е избрана за партнер на овој проект што за нас преставува продолжување на соработката на општина Гази Баба со Амбасадата на САД, како стратешки партнер на Република Македонија.
Овој проект како крајна цел го има зголемувањето на сопствените извори на финансирање на единиците на локалната самоуправа, како и подобрување на процесот на децентрализација.
Проектот ќе се спроведува во следните 18 месеци, а потоа следува презентација од постигнатите резултати.