Повеќе од четири часа, попладнево општината беше дом на искрен дијалог, отворени срца и конкретни решенија.
На одржаниот Отворен ден со граѓаните, остваривме средба со 158 наши сограѓани – луѓе со визија, со предлози, со проблеми, но и со надеж.
Секој граѓанин имаше можност да разговара директно со мене, како градоначалник,
Но уште поважно – и со претставници од сите сектори на општинската администрација.
Целта е едноставна, но суштинска: со едно доаѓање – целосна услуга.
Од одговор на барање, преку предлог за инфраструктура, па сè до идеја за иднината на нашата општина.
Ова не е еднодневна акција – ова е принцип на работа, ние сме тука за вас!
Работиме во интерес на секој еден човек, без разлика дали станува збор за лично прашање или предлог што ќе ја подобри заедницата.
Општината не се бараките – таа е народот.
Затоа и ќе продолжиме со ваквите отворени денови, со уште поголема посветеност.
Заедно, чекор по чекор, ја градиме општината што сите ја заслужуваме.
Да му служиме на народот не е избор, туку обврска.
И токму така работиме – отворено, транспарентно и посветено.
Гази Баба повеќе не запира!