Попладнево започна втората фаза од изготвувањето на буџетот на општина Гази Баба за 2023 година.
Подготвените нацрт – програми на буџетот кои беа утврдени изминатиот период денес се презентираа пред советничките групи од сите политички партии во Советот на општина Гази Баба и беше побарано од вработените во администрацијата секој советник да ги даде своите идеи и предлози.
Јавно и транспарентно со граѓаните и сите советници се димензионира Нацрт – Буџетот што предвидува реализација на голем број на проекти во сите населени места низ општина Гази Баба.
На 3 и 4 декември 2022 година (сабота и недела), градоначалникот Бобан Стефковски и општинската администрација ќе бидат достапни во просториите на општината за секој граѓанин да има можност да ја даде својата идеја и предлог.
{gallery}foto/2022/11/programi2023/gallery{/gallery}
01.12.2022