На барање на жителите на населеното место Кирил Петрушевски, Инспекторатот на Општина Гази Баба организираше акција за санкционирање на дивите продавачи на производи на улицата Вера Радосављевиќ која е пристапна улица до пазарот за стари работи.
Акцијата се изведе во соработка со Министерството за внатрешни работи и ЈП Градски паркинг.
Во акцијата беа отстранети возилата оставени на коловозот, а согласно Законот за јавна чистота без изречени повеќе глоби.
Ваквите акции ќе се одржуваат често на двете критични точки и тоа на улицата покрај пазарот во н.Ченто и во населеното место Кирил Петрушевски.