Денес, наставници и ученици од ООУ „Наум Наумовски Борче“ заедно со претставниците од партнер училиштата од Словенија и Шпанија ја посетија општина Гази Баба и кабинетот на градоначалникот Стефковски, каде беа пречекани од секретарот на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски која ги запозна со работењето и функционирањето на општината.
Основното училиште „Наум Наумовски Борче“ учествува во Erasmus проектот Learn green- Outdoor Stem во чии рамки следната недела ќе се реализира мобилност во која училиштето е домаќин.
Овој проект има за цел да промовираат иновативни начини на учење на STEM на отворено при што дел од активностите ќе се реализираат на плоштадот во Автокоманда, Парк шума Гази Баба и трговскиот центар East Gate.