Градоначалникот Бобан Стефковски изрази благодарност до секој еден граѓанин кој вечерва беше дел од настанот за кој долго ќе се зборува!
Реализиравме 520 нови проекти кои донесоа подобар и поквалитетен живот за граѓаните во Општина Гази Баба.
Пораката на градоначалникот Бобан Стефковски до граѓаните е: не ја губете надежта во подобро утре, бидејќи изминатите три години на дело покажавме како се работи и како се реализираат проекти!
Благодарност до пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска, министерот Златко Перински, заменикот министер Ерџан Селими, директорката на УЈП Елена Петрова, директорот на државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галевски, националните координатори на Владата Лилјана Затуроска, Влатко Ѓорчев и Верче Мицевска, Слободанка Џеповска, Цеце Бајрактарова, Зоран Ставревски, Марјан Милошевски и сите други државни функционери кои вечерва присуствуваа на нашиот отчет.