Вечерва градоначалникот Бобан Стефковски го отвори 18-тиот турнир во мал фудбал, кој традиционално се одржува во населбата Триангла, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
Овој спортски настан е од огромно значење за спортот и младите во Општина Гази Баба – симбол на заедништво, фер-плеј и љубов кон татковината.
Како и досега, така и во иднина – ќе продолжиме целосно да ги поддржуваме турнирите и сè што ја негува традицијата, спортот и патриотизмот!
Ја славиме нашата Македонија!
Татковината која не одгледала, не научила да стоиме исправено и гордо, со срце полно љубов и душа полна оган!