Со особено задоволство продолжуваме со нашата мисија за создавање квалитетни услови за живот на сите генерации. Денес го отворивме петтиот пензионерски клуб во мојот мандат. Досега отворивме клубови во Ченто, Инџиково, Стајковци, Смилковци и Колонија.
Овие клубови се многу повеќе од обични простории – тие се места за дружење, активност, поддршка и заедништво. Нашите пензионери го заслужуваат најдоброто, затоа што целиот свој живот го посветиле на изградба на заедницата во која денес живееме.
Во своето обраќање градоначалникот Бобан Стефковски ја нагласи и одличната соработка со Здружението на пензионери на Гази Баба, со кои заеднички работиме на креирање програми и активности што навистина прават разлика во секојдневието на нашите постари сограѓани.
Исто така, со гордост Стефковски најави дека следната недела, 2.700 пензионери со ниски пензии, кои се пријавија на јавниот повик од општината, ќе добијат еднократна финансиска помош во висина од 2.500 денари, директно на нивните сметки. Ова е поддршка што доаѓа во вистинско време и од срце.
Гази Баба е и ќе остане вистински партнер на сите граѓани. Ќе продолжиме со вложувања и активности насочени кон секоја возраст и секоја населба. Градиме општина во која никој не е заборавен, а гласот на пензионерите се слуша и почитува.
Благодарност до сите кои денес беа со нас во Колонија. Продолжуваме заедно – чекор по чекор, за подобра Гази Баба!