Денес градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на одбележувањето на 48-годишниот патронен празник на ООУ „Дане Крапчев“ – училиште со богата традиција и значајна улога во образованието на нашите најмлади.
Тој ги поздрави наставниците, учениците и родителите кои заедно ја градат оваа заедница на знаење, вредности и посветеност.
Општина Гази Баба ќе продолжи со поддршка и инвестиции во образованието – затоа што силно веруваме дека токму тука се поставуваат темелите на нашата иднина.
„Образованието е најмоќното оружје кое можете да го користите за да го промените светот.“ – Нелсон Мандела
Честит патронен празник на ООУ „Дане Крапчев“! Нека се множат успесите и нека секоја нова генерација носи уште повеќе светлина и знаење!