Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес се обрати на одбележувањето на патрониот празник на ООУ Крум Тошев.
Да се биде дел од училиште кое го носи името на Крум Тошев кој своевремено бил истакнат универзитетски професор кој зад себе оставил неизбришлива трага за македонскиот литературен збор, претставува сериозен предизвик.
Оваа година мотото под кое училиштето го одбележува патрониот празник е Музиката во нашите срца.
Република Македонија претставува непресушлив извор на добрата македонска песна и по тоа сме претпознатливи на целиот балкан, но и насекаде низ светот.
Градоначалникот упати порака до учениците:
– Слушајте македонска музика, негувајте ја македонската песна, бидејќи таа е нераскинлив дел од нашиот македонски идентитет.
Едноставно учете низ песна!
Уште долги години успешна реализација на предвидените наставни програми е потребна, за да создаваме уште многу идни генерации на ученици кои ќе се натпреваруваат со знаење и нема никогаш да ги заборават деновите поминати во училишните клупи.