Учениците од општинските основни училишта заедно со градоначалникот Бобан Стефковски по повод почетокот на пролетта засадија 21 ново дрво со што посакаа добредојде на пролетта. Грижата за животната средина е еден од важните предуслови за квалитетен живот на сите.
По засадувањето со учениците од различни етнички заедници се реализираше и активноста “Пешачиме за мир, соживот и толеранција” од која ја испративме најсилната порака која вели: другарството не познава разлики.
На сите ученици градоначалникот Стефковски им посака со почетокот на пролетта да им се создадат нови можности за другарување.
Оваа активност денес, општина Гази Баба ја реализира во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба и Здружението на граѓани Грин Спорт.
{gallery}foto/2023/mart/21mart/gallery{/gallery}
21.03.2023