Градоначалникот Бобан Стефковски направи увид во градежните работи на терен каде динамиката на работење е одлична! Работите се одвиваат според планот, а наскоро жителите ќе добијат целосно нова и безбедна улица, каква што заслужуваат.
При посетата, го пресретна чичко Киро, долгогодишен жител на населбата, кој кажа: „Има надеж за Македонија со луѓе како тебе кои си стојат на дадениот збор.“
Нема поголемо признание од зборот на граѓанинот! Тоа е најискрената потврда дека сме на вистинскиот пат – тука сме за да му служиме на народот.
Општина Гази Баба вложува во сите населени места – урбани и рурални, без исклучок. Секоја улица, секој тротоар, секоја потреба на граѓаните ни е важна.
Работното лето е во полн ек! Нема запирање. Делата се нашата најгласна порака. Продолжуваме со работа, со проекти и со инвестиции – насекаде низ Гази Баба!