Градоначалникoт на општина Гази Баба, Бобан Стефковски учествуваше на панел дискусија и даде поддршка на кампањата за зголемување на бројот на згрижувачки семејства на деца без родителска грижа.
Згрижувачите се заменски родители, херои кои несебично го отвораат својот дом и со сите свои знаења и ресурси нудат заштита за дете кое ја изгубило грижата од своите родители.
Оваа кампања е вистински момент за информирање на граѓаните за оваа можност.
Кампањата е организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачките семејства за да ги информираат и поттикнат граѓаните на хуманост и солидарност.
{gallery}foto/2023/april/sos-zgrizuvac/gallery{/gallery}
01.04.2023