По повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, општина Гази Баба во соработка со општествено одговорни луѓе и компании организира голема хуманитарна акција, која започна од вчера и ќе продолжи во текот на денешниот ден.
Во рамки на оваа акција планирано е да се поделат 300 хуманитарни пакети со храна на семејства од муслиманска вероисповед. Гази Баба е мултиетничка општина во која сложно живеат македонци, албанци, турци, роми, власи, бошњаци и сите останати.
Хуманоста е наша одлика и така ќе продолжиме и во иднина.
{gallery}foto/2022/07/H_akcija/gallery{/gallery}
08.07.2022