Во посета на општина Гази Баба заедно со нивните наставнички дојдоа учениците од IV одделение од ООУ „Крсте Мисирков“.
Како дел од наставната програма се запознаа со работата на градоначалникот Стефковски, кој ги прими во неговиот кабинет и им ја објасни неговата функција но и значењето на Советот во општината.
Тие ги посетија и останатите просториите во кои се одвива нашата работа.
Учениците си заминаа задоволни од одговорите кои ги добија од прашањата до градоначалникот Бобан Стефковски и останатите вработени во општината.