Во период од 13 до 23 мај 2025 година, на 2 мерни локации во Железара (урбана средина) и Јурумлери (рурална средина), поставени се мерни инструменти за мерење на концентрацијата на цврсти честички со големина од 2,5 микрометри.
Мерењета се спроведоа во континиутет од 10 дена во пролетниот период и се прават согласно утврдените стандарди за земање на примероци MKC ЕN 12341:2023.
По завршување на мерењата во сите временски периоди (пролет,лето,есен и зима) ќе се изврши хемиска анализа на филтрите за да се утврдат изворите на загадување како би можело да се направи компарација на изворите на загадување на амбиентниот воздух во урбаната и руралната средина, со цел да се предвидат соодветни мерки за подобрување на квалиетот на воздухот.
Продолжува нашата грижа кон животната средина.