Денес официјално потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Оваа соработка претставува значаен чекор кон поврзување на локалната самоуправа со академската заедница и отвора нови можности за:
• заеднички проекти
• истражувања
• практична настава за студентите
Студентите од Филозофскиот факултет ќе имаат шанса за практична примена на знаењата во различни сектори на општината, додека општината ќе добие стручна поддршка во:
-образованието
– урбаното планирање
–младинските прашања
–социјалната политика
Веруваме дека оваа соработка ќе резултира со иновативни иницијативи и подобрување на квалитетот на животот во нашата општина.
Голема благодарност до раководството и професорите од Филозофскиот факултет за нивната отвореност и подготвеност за заедничка работа!