Со особена чест и задоволство ја информирам јавноста дека Општина Гази Баба потпиша Меморандум за соработка со Македонскиот полициски синдикат. Овој акт претставува нов чекор во насока на продлабочување на соработката и заедничките заложби за подобрување на условите за работа и унапредување на безбедносните и општествените стандарди во нашата општина.
Со овој меморандум се отвораат нови можности за координирани активности, поддршка на полицијата во вршењето на нивните одговорни задачи, како и иницијативи за зголемување на јавната безбедност и заштита на правата на работниците во безбедносниот сектор.
Посебна чест ми е што од денес официјално станав почесен член на Македонскиот полициски синдикат — признание кое го прифаќам со голема одговорност и благодарност.
Ова членство за мене претставува уште една потврда за довербата и соработката што ја градиме со институциите и луѓето кои секојдневно се грижат за безбедноста на нашите граѓани.
Продолжуваме со ангажирана работа и посветеност за побезбедна, поорганизирана и подобра Гази Баба за сите.