На покана на здруженијата “Отворена порта” и “Хуманост” градоначалникот Бобан Стефковски заедно со колегите градоначалници од општините Кисела Вода и Куманово потпишаа меморандум за соработка во насока на спроведување на активности со цел превенција на насилниот екстремизам.
Екстремизмот претставува феномен кој по правило е насочен против востановените вредности на едно општество и тој во себе ги содржи елементите кои се претпознатливи за насилниот криминал.
Клучен придизвик за нас како локална самоуправа, секако во соработка со надлежните институции е детектирањето, односно раното предупредување и превземањето на чекори за превенција од верски екстремизам.
Стефковски ја истакна и улогата која ја има Советот за превенција кој функционира во локалната самоуправа. Неговата клучна улога е во превземањето на активности во насока на превенција од секаков вид на насилство.
Гази Баба е општина во која живее население од различни етнички заедници. И токму затоа изминатиот период како одговорна локална самоуправа се насочивме кон реализација на голем број активности чија цел беше запознавање на различностите помеѓу младите луѓе во општината.
Реализацијата на едукативни активности помеѓу учениците македонци, албанци, роми, турци и сите останати мора да биде наш секојдневен предизвик. Различностите ќе постојат секогаш, но клучот е во нивното запознавање.