Во просториите на Општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Гази Баба Добри Петров го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во Општина Гази Баба.
Со овој нов колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Гази Баба.
Барањето доследно да се исполнуваат обврските од страна на вработените во општинската администрација, бара и соодветно почитување на нивните права.