Во текот и на изминатата недела, ЈКП Гази Баба 2007 активно работеше на одржување и уредување на јавните површини во нашата општина, со посебен акцент за уредување на зеленилото, подобрување на хигиената и безбедноста во урбаните средини.
Екипите за уредување на зеленило спроведоа активности за косење трева и одржување на паркови и јавни простори во следните населби:
Ченто, Автокоманда, Маџари на ул. Благоја Стефковски (вклучувајќи го и паркот и детскиот дел кај број 3), во дворот на ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром, Триангла и Железара.
Зелените површини беа уредени и оспособени за безбедно и пријатно користење од страна на граѓанитe.
Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ продолжуваат тековно со акции за кастрење и одржување на урбаното зеленило и на останатите локации во:
Основното училиште „Даме Крапчев“ во н. Ченто, просторот кај Макпетрол, н.Триангла, н. Ќерамидница и дел од населбата Железара.
А во интерес на безбедноста и подобрувањето на прегледноста во сообраќајот, беа извршени интервенции за кастрење дрвја и ниска вегетација и на ООУ “Стив Наумов”, во населбата Триангла, ул. Благоја Стефковски, Колонија, како и во Хиподром (стара 50-ка).
Во рамките на редовната хигиенска акција, беа отстранети повеќе диви депонии од следниве локации: Автокоманда, Триангла, кај складиштето Караорман во Маџари, Жито маркет во Железара, Хиподром, Скопско Поле, карши Авто Миро, Последна 45-ка, Дим Маркет (Ченто) и Фински Парк. Иако се работи континуирано, загрижува фактот што дел од овие депонии постојано се обновуваат.
Aпелираме до сите граѓани да покажат свест и одговорност! Одржувањето на јавниот простор не е само должност на службите, туку заедничка обврска на сите нас. Само со заеднички сили можеме да создадеме и одржиме чиста и здрава животна средина.