Линк од прес конференција на Градоначалникот Стефковски
Детските градинки имаат за цел згрижување на децата во предучилишна возраст и истите треба и мора да работат согласно позитивните законски прописи во Република Македонија.
За жал таков не е примерот со Детската градинка Детска радост во нашата општината.
Веќе подолг временски период пристигнуваат информации и индиции до општината, за незаконско работење на директорката на градинката Детска радост.
Направено е прекршување на член 40 од Законот за јавни набавки. Во овој дел законските одредби упатуваат на соодветна постапка за секоја набавка чија вредност надминува 60.000 денари без ддв.
Направено е прекршување на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки, односно направени се набавки каде што е надминат годишниот законски максимум за мали набавки кој изнесува до 12.000 евра во една година. Tooj потенцира дека со ова е направено и прекршување на членовите 275-в и 353-в од Кривичниот законик на Република Македонија.
Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење.
Извршена е набавка на мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот.
Со извршениот увид во налозите за користење на патничкиот автомобил сопственост на градинката за службени дејствија е констатирано, користење на возилото за приватни цели.
Ревизијата има утврдено 8 наоди со што дава неповолно мислење по однос на примената на соодветните законски регулативи. Сите утврдени наводи во Извештајот на независниот ревизор се доказ дека во детската градинка Детска радост се работело спротивно на повеќе Закони, односно прекршени се повеќе закони.
Управниот одбор на Детската градинка Детска радост согласно своите надлежности, а во согласност со членовите 124 и 125 од Законот за заштита на децата по целосно спроведена постапка до мене на 19.04.2023 година достави барање за разрешување на директорката на детската градинка Детска радост.
Членот 125 став 5 од Законот за Заштита на децата децидно вели: Градоначалникот е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на предлогот од управниот одбор да го разреши директорот, по кој, Стефковски донесе одлука за разрешување на директорката на грдаинката Детска Радост.
Недозволиво е некој кој постапува спротивно на Закон да води установа за згрижување на нашите деца и за сите законски прекршувања утврдени согласно Извештајот на независниот ревизор ќе се поведат постапки пред соодветните институции во Република Македонија.
Стефковски апелира до Министерството за труд и социјална политика да ги почитува законите и утврдените процедури и очекува сите заедно да стојат на страната на Законот бидејќи се друго ќе значи поддршка на утврдено незаконско работење.
25.04.2023