Општина Гази Баба е дел од проектот за Инклузија на деца Роми во Јавните општински установи и Детските градинки” кој утрово во Клубот на Пратеници беше презентиран пред присутните меѓу кои и градначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Општина Гази Баба заедно со ЈУДГ 25 Мај беше дел од проектот во рамки на кои се инклузираа 20 дечиња Роми.
Секое дете е важно и токму затоа се приклучивме на овој проект со цел инклузија на децата Роми во воспитниот процес уште од најмали нозе, а потоа истото да продолжи и низ образовниот процес.
27.02.2023