Продолжува акцијата со денешните активности за асфалтирање на голем број на локални улици низ општина Гази Баба.
Во изминатиот период се асфалтираа локални улици во Ченто, Кирил Петрушевски, Инџиково, во Јурумлери улица 11 улица во должина од околу 400 метри и денешното асфалтирање во местото викано Пуста Кула во н.м Трубарево, каде градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на лице место.
Во деновите што следат ќе се асфалтираат улици и во останатите населени места.
Инвестициите во патна инфраструктура за оваа година изнесуваат 50.000.000 денари средства од буџетот на општина Гази Баба.
{gallery}foto/2022/07/asfalt_jurumleri/gallery{/gallery}
15.07.2022