Утрово градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на неколку семејства на територија на општина Гази Баба со цел да донира инвалидски колички.
Oбврска ни е како општина да се грижиме за луѓето кои се соочени со најразлични предизвици во секојдневното живеење.
Во периодот кој следува ќе продолжиме да градиме партнерски однос со сите категории на граѓани, а вооедно и ќе креираме и реализираме проекти со кои ќе овозможиме услови со цел на лицата со попреченост да им го олесниме секојдневниот живот.
{gallery}foto/2023/april/invalidski_kolicki/gallery{/gallery}
28.04.2023