Градоначалникот
Бобан Стефковски го посети општинското основно училиште “Григор Прличев” во н. Железара каде во тек се градежно – занаетчиски работи.
Објектот на ООУ Григор Прличев е изграден во 2015 година и оваа година за прв пат вршиме молерисување на сите простории кои се дел од училишната зграда.
Изминатиот период извршивме и комплетна реконструкција на училишната спортска сала која доби нов современ изглед и отворивме училишни кабинети по природни науки со најсовремена опрема за изведување на практична настава.
Како локална самоуправа продолжуваме со реализација на активности за извршување на градежно – занаетчиски работи во општинските основни училишта на нашата територија со цел обезбедување на подобри услови за образование и воспитание на учениците.