Ученици од основни училишта од Хрватска, Турција, Романија и Италија, кои престојуваат во Република Македонија во рамки на реализација на проект преку Еразмус програмата насловен како “Не ја менуваме климата, да го менуваме системот” беа во посета на општината.
Домаќин на проектот е општинското основно училиште 25 Мај.
Целта на овој проект е мотивација на учениците да најдат различно пристапи за намалување на климатските промени и алтернативни начини за борба против загадувањето.
{gallery}foto/2022/10/erazmus_opstina/gallery{/gallery}
04.10.2022