Денеска градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид на градежните активности за асфалтирањето на локална улица во населеното место Стајковци – проект што претставува повеќедецениско очекување и заложба на жителите од овој дел на општината.
Жителите на Стајковци, кои повеќе од 40 години се движеа по неуредена, каллива и тешко проодна улица, конечно добиваат современа, безбеден и целосно асфалтиран пат.
Сведочевме на големо задоволство и благодарност од граѓаните, за кои овој проект претставува не само олеснување на секојдневното живеење, туку и симбол на исполнето ветување и враќање на достоинството во нивното населено место.
Проектот во Стајковци е само еден дел од нашата поширока стратегија за инфраструктурен развој на сите населени места во Oпштина Гази Баба. Од урбаните средини до најоддалечените населени места, денес се гледаат видливи резултати од континуираната работа: асфалтирани улици, реконструирани тротоари, решени проблеми со атмосферска и фекална канализација, уредени паркови и јавни простори.
Во изминатиот период реализиравме и значајни проекти во Идризово, Ченто, Инџиково, Булачани, Маџари, Триангла, Гоце Делчев и многу други населени места. Жителите веќе можат да почувствуваат вистинска промена – не декларативна, туку реална, опиплива и мерлива во секојдневието.
Како локална самоуправа, остануваме доследни на нашата заложба да вложуваме еднакво во секој дел од општината, без разлика дали станува збор за урбано јадро или рурална заедница. Секој граѓанин на Гази Баба заслужува соодветна инфраструктура, пристојни услови за живеење и чувство дека е важен дел од општеството.
Општина Гази Баба чекори напред со реални дела и со искрена посветеност. Продолжуваме со уште поголем интензитет и уште повеќе реализирани проекти, затоа што ја имаме најважната поддршка – довербата на нашите граѓани.