Денес градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на официјалната промоција на „Платформа за следење на проекти“ на Владата на Република Македонија, која ја претстави премиерот Христијан Мицкоски.
Платформата овозможува секој граѓанин лесно да ја провери реализацијата на инфраструктурните проекти во општините кои се спроведуваат со средства од Владата.
Ова претставува силна алатка за зголемена транспарентност и целосна отчетност кон граѓаните.
Реализираме проекти што носат трајни промени! Воведуваме современи стандарди и нов начин на модерно управување.
Граѓанинот има право на точна и навремена информација за секој денар вложен од буџетот — и оваа платформа го гарантира токму тоа.