Вечерва се одржа првиот тематски настан на тема “Гази Баба за спортот” на кој беа презентирани постигнатите резултати на Oпштина Гази Баба во областа на спортот во мандатниот период 2021 – 2025 година.
Резултатите од изминатите четири години во областа на спортот се:
40.000.000 денари, доделена финансиска поддршка за спортските клубови и спортистите од општина Гази Баба
Изградени се 27 спортски терени на најсовремена тартан подлога, а во деновите пред нас ќе изградиме уште 8 нови терени со тартан подлога.
Изградивме и 5 спортски терени на подлога од вештачка трева, а за скоро од денес ќе изградиме уште 3 нови терени.
За прв пат во Oпштина Гази Баба изградивме 6 фитнес зони, а наскоро ќе изградивме уште 3 нови зони.
Изградивме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а во тек е изградбата на нова сала во Црешево, а најавувам изградбата на нова училишна спортска сала и во општинското основно училиште Григор Прличев во Железара.
Изградивме и два нови спортски комплекси во Стајковци и Хиподром кои соддржат терени за различни категории на спорт.
Сите ние сме тука како еден голем победнички тим. Во нашиот тим се клубовите од сите категории на спортови, тренерите и играчите, таеквондистите и каратистите, фудбалерите, кошаркарите и сите други. Тука се и учениците и наставниците.
Заедно тренираме и се натпреваруваме, едноставно заедно победуваме.
На спортските терени има спортисти кои доаѓаат од различни средини, зборуваат на различни јазици и одат во различни храмови.
Но сите овие разлики стануваат неважни, бидејќи сите ние заеднички во победите се радуваме, а во поразите тагуваме.
Нашиот победнички тим во себе има спортисти на чиј успех сме горди и како народ и како држава.
Во знак на признание вечерва беа доделени плакети на:
Плакета за постигнати спортски успеси и афирмација на Oпштина Гази Баба во таеквондо спортот се доделува на Милијана Релиќ,
Плакета за постигнати спортски успеси и афирмација на Oпштина Гази Баба во маратонско пливање се доделува на Александар Илиевски,
Плакета за постигнати спортски успеси и афирмација на Oпштина Гази Баба се доделува и на репрезентативецот во ракометната репрезентација на Македонија Марко Стојковиќ,
Плакета за постигнати спортски успеси и афирмација на Oпштина Гази Баба во фудбалот се доделува на Теодор Николовски,
Плакета за постигнати спортски успеси и афирмација на Oпштина Гази Баба во кошарката се доделува на Андреј Митревски,
Плакета за постигнати спортски успеси и афирмација на Oпштина Гази Баба во кик бокс се доделува на Максим Митровски.
Плакети за придонес во развој на спортот во Oпштина Гази Баба беа доделени на:
Претседателот на ракометната федерација на Македонија Александар Стефанов,
Претседателот на таеквондо федерацијата на Македонија Борче Костовски,
Претседателката на атлетската федерација на Македонија Александра Војнеска Зиков.
Посебна плакета за постигнати спортски успеси и развој на спортот се доделува на селекторот на ракометната репрезентација на Македонија Кирил Лазаров.
Ќе продолжиме да инвестираме во градење на се поуспешен спортски дух.
Ве повикувамe сите да се обединиме околу нашата Гази Баба и да ја промовираме суштината на спортот.
Од сите нас зависи дали спортот ќе ја задржи својата суштина и дали ќе продолжи да се промовира како алатка за градење на силни и здрави генерации со кои нашата Македонија ќе продолжи да живее.