Денес започнавме една традиционална активност која ќе се одржува на крајот од првото полугодие на учебната година.
Одржувањето на ораторските вечери, односно на натпреварите по јавно говорење е тренд кој се спроведува во сите развиени светски метрополи.
“Јас меѓу виртуелното и реалното секојдневие” е темата на која оваа година се напреваруваа учениците од општинските основни училишта на нашата територија.
Денес се повеќе работи се применуваат виртуелно со помош на технологијата, но наша обврска е на младите генерации да им создадеме навики за придржување до животот во реалност.
Пораката од градоначалникот Стефковски до натпреварувачите е: “победници сте сите вие кои изминатиот период интензивно се подготвувавте за настапот кој го имавте оваа вечер”.
Рангирани ученици на првата ораторска вечер се:
🥇 1 место – Михаела Сандева од ООУ Кирил и Методиј, Стајковци;
🥈 2 место – Јована Антевска од ООУ Његош, Јурумлери;
🥉 3 место – Јован Димковски од ООУ Крсте Мисирков, Ченто.