Денес градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на свечениот прием на новата генерација првачиња во ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.
Овој ден секогаш буди многу емоции – насмевки, возбуда, понекогаш и трема. Но, за нас, како општина, тој е потсетник дека иднината ја градиме токму со овие мали, но храбри чекори.
За сите првачиња обезбедивме подароци – мал знак на добредојде и поддршка.
А особено сме горди што годинава, секоe дете го започна првиот училишен ден со комплет учебници – затоа што секое дете заслужува еднаков и достоинствен почеток.
Драги родители, бидете спокојни – вашите деца се во сигурни раце. Наставниците и училиштето се тука да ги водат, да ги охрабрат и да бидат нивна поддршка на секој чекор.
Благодарност до родителите за довербата, и до наставниците за нивната посветеност. Заедно создававаме средина во која децата растат среќни, сигурни и подготвени за нови знаења.
На сите ученици градоначалникот Стефковски им посака успешна, радосна и инспиративна учебна година!