Денес градоначалникот Бобан Стефковски го пушти во употреба новиот спортски терен изграден на современа тартан подлога во населеното место Чукур Маало – Трубарево.
Ова е вториот спортски терен кој Oпштина Гази Баба го изгради во рамките на “Работно лето – Гази Баба 2023”.
Во тек се градежни активности за изградба на спортски терени со тартан подлога на повеќе локации во н.Ченто, уште една локација во н.м Трубарево, а наскоро ќе започне и изградбата на еден спортски терен во н.м Јурумлери.
Со реализација на овие проекти, продолжува инвестирањето во спортската инфраструктура во населените места низ општина Гази Баба.